Sunday, November 20, 2011

Алегри: Судијата ни поништи регуларен гол, но и два чисти пенали

Најтрофејниот клуб во светот, Милан кој синоќа не успеа да ја совлада Фиорентина, на многу контроверзен натпревар на кој судијата Мацолени не досуди два чисти пенали и поништи регуларен гол. Масимилиано Алегри кажа дека Милан заслужи да победи во Фиренца, но заради лошите судиски одлуки, росонерите не стигнаа до три бода.

"Во првото полувреме не бевме и ние нешто посебно, но резултатот во првиот дел кажа се. Криво ми е заради регуларниот гол кој ни беше поништен." - вели Алегри.

"Во вториот дел имавме неколку шанси и блиску бевме да постигнеме гол, но среќата не не послужи. Голманот на Фиорентина, Боруч бранеше одлично и не спречи да постигнеме гол. Како и да е, нема застанување, ја гледаме иднината. Сега ни следува натпреварот со Барселона, кој ќе биде премногу тежок, но убедени сме во нашите квалитети и знаеме дека ќе победиме." - заврши Алегри.

No comments:

Post a Comment