Thursday, October 13, 2011
Тиаго Силва нема да игра против Палермо?
Информациите од Италија велат дека дефанзивецот на Милан, Тиаго Силва нема да игра во натпреварот Милан - Палермо во сабота. Причината затоа што тој нема да игра на овој натпревар не е повреда, туку Масимилиано Алегри решил да му даде одмор откако беше стартер во 7 натпревари од почетокот на сезоната за клубот, а и играше во пријателскиот меч на Бразил оваа недела. Денеска Тиаго Силва се врати во Миланело и тренираше во фитнес центарот. Ако Тиаго Силва не е стартер на овој натпревар, тогаш шанса би можеле да добијат Филип Мексес, Марио Јепес или Даниеле Бонера, а стартер на овој натпревар ќе биде Алесандро Неста. Најверојатно би требало да добие шанса Филип Мексес за да го завземе местото на Тиаго Силва. Французинот нема играно од април месец, бидејќи имаше премногу сериозна повреда, но сега е опоравен и тренира со останатите соиграчи. Игназио Абате исто така се враќа од повредата и се очекува тој да биде стартер во првите 11 и да ја завземе десната бековска позиција. Исто така се очекува и Робињо да биде стартер на овој натпревар, а играчите кои ќе го пропуштат овој натпревар би требало да се Метју Фламини, Џенаро Гатузо и Александре Пато поради повреда. Кевин - Принс Боатенг е казнет поради црвениот картон во претходниот меч кој го доби против Јувентус и "росонерите" загубија со 2:0.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment