Wednesday, October 12, 2011

Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Сити?

Манчестер Сити одамна е заинтересиран за напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ. Тоа роди нови шпекулации за размена на швеѓанецот со младиот напаѓач на "граѓаните" - Марио Балотели или пак со младиот босанец, Един Џеко. Марио Балотели кога играше за тимот на Интер, тој изјави дека ќе заигра некогаш за Милан и дека секогаш сонувал да го облече црвено-црниот дрес. Сегашниот тренер на Манчестер Сити, Роберто Манчини го ангажираше Златан Ибрахимовиќ во Интер од Јувентус во 2006 година. "Нероаѕурите" на чело со швеѓанецот два пати по ред го освоија Скудетото, а напаѓачот постигна 37 гола пред тренерот да го превземе кормилото на Манчестер Сити. Има две опции за трансфер: Првата размена е со италијанецот, Марио Балотели и 30 милиони доплата или чиста размена Златан Ибрахимовиќ - Един Џеко. Босанецот е во одлична форма од кога премина во редовите на Манчестер Сити и во Премиер Лигата во дресот на "граѓаните" постигна 6 гола.

No comments:

Post a Comment