Португалскиот напаѓач на шпанскиот Бетис, Фабио Лопеш, кој е споредуван од медиумите на Иберискиот Полуостров со генијалниот Руи Коста, наскоро може да стане играч на шампионот на Италија, Милан. Ова го кажа електронскиот весник "Calciomercato".
18-годишниот талент веќе ги поминал лекарските прегледи во тимот на "росонерите" и се очекува во јануари да потпише договор со шампионот на Италија, Милан. Ако тој не премине на Сан Сиро, тогаш проблем би било споровите помеѓу фудбалските агенти, вклучени во трансферот.
За овој играч се заинтересирани и уште неколку клубови, а тоа се: Јувентус, Ајакс, ПСВ и Парма. Самиот тој си призна во интервју "Desportimedia" пред една недела во почетокот на август беше во трансфер во Англија, но пропадна поради немирите во Лондон.
No comments:
Post a Comment