Friday, October 7, 2011

Италијанските медиуми: Златан Ибрахимовиќ - Марио Балотели, можна размена

Пред неколку дена Златан Ибрахимовиќ изјави дека е уморен од фудбалот и дека не ужива во фудбалот. Италијанските медиуми велат дека Златан Ибрахимовиќ мора да го смени клубот, за да ужива повторно во професионалниот фудбал. Затоа медиумите кажуваат дека Милан и Манчестер Сити ќе направат размена, Златан Ибрахимовиќ - Марио Балотели. Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола кажа дека е возможно да се направи размена, но исто така дека и шансите се минимални. Потоа Мино Раиола изјави:
"Постои можност тоа да се случи, но мислам дека Златан Ибрахимовиќ е среќен во Милан. Може да ја смени фудбалската средина, но сеуште ништо не се знае."
Во летниот период Милан беше заинтересиран за Марио Балотели, но тој не се пресели на Сан Сиро. Марио Балотели кога играше за екипата на Интер изјави дека е навивач на Милан и дека еден ден ќе игра за "росонерите".

No comments:

Post a Comment