Saturday, October 1, 2011

Џорџо Киелини: Можам да го сопрам Златан Ибрахимовиќ и Милан

Стоперот на Јувентус - Џорџо Киелини верува во својот тим и дека ќе можат да се спротивстават на актуелниот шампион на Италија во утрешното дерби. Џорџо Киелини кажа дека ќе може да му се спротивстави на Златан Ибрахимовиќ иако тој е во одлична форма. Џорџо Киелини изјави:
"Кога играте против играч како Златан Ибрахимовиќ, не ви треба само подготовка, туку и тимска соработка. Тоа ќе биде одличен натпревар. Ќе пробаме да се соочиме со шампионот на Италија - Милан и да пробаме да го победиме. Решени сме и имаме волја, да докажеме кој е Јувентус, кој може да го победи шампионот."

No comments:

Post a Comment