Wednesday, September 28, 2011
Милан го брка голот број 2000 во ерата на Силвио Берлускони !
Вечерва Милан има шанса да го одбележи 2000 гол во ерата на Силвио Берлускони. Претседателот на Милан, Силвио Берлускони го спаси Милан од банкрот во 1986 година. Со многу милиони инвестиции во клубот, тој го направи најтрофејниот клуб во светот. Во Милан играа многу легенди. Андреј Шевченко постигна 175 голови во дресот на Милан, а Марк Ван Бастен и Пипо Инзаги со 125 погодоци. Првиот играч под 100 голови е Рикардо Кака со постигнати 95 погодоци. Во ерата на Силвио Берлускони, Милан постигнал 1998 погодоци, а вечерва против Викторија Плзен имаат шанса да постигнат над 2000 погодоци.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment