Tuesday, November 29, 2011

Дрогба го одби Милан, но и Челзи

Африканецот го одби Милан за да не оди на позајмица, но го одби и Челзи затоа што не сака да го продолжи договорот со англичаните. Дидиер Дрогба наредното лето ќе биде слободен играч, но ќе замине во клуб кој што ќе му понуди највеќе пари. Така тврди неговиот агент, Тијерно Сејди.

"Дрогба нема на кого да му докажува, но зад себе тој има една одлична кариера. Милан му понуди шестмесечна позајмица, со можност да преговараме во јуни за договорот, но јас и Дрогба одбивме. Тоа е понижување." - вели фудбалскиот менаџер на Брегот на Слоновата Коска.

Понуди има од Америка, Русија, азиските земји, а Дрогба може да го бира најдобриот тим и да го засили своето конто пред пензија.

Милан и Катанија се договорија, пристигнува Макси Лопез

Аргентинецот е скоро играч на Милан, пристигнува на пола година на Сан Сиро. Би можеле да кажеме дека Макси Лопез е веќе со едната нога во Милан. Аргентинецот кој играше за Барселона, но и во Русија од првиот ден ќе се пресели во јануари на Сан Сиро. Како што пренесува "SkyItaly" клубовите веќе се договориле, а Милан ќе проба да го откупи Макси Лопез во јуни. Дали тоа ќе биде евентуален прелаз на Карлос Тевез останува да се види, но Адријано Галијани кажа дека Карлос Тевез би можел да премине во Милан, но само на позајмица.

Таиво си заминува во јануари?

Таје Таиво е далеку од својот тим и затоа би можел да премине на позајмица во Бундеслигата. Нигериецот е доведен како слободен играч од Марсеј, но сепак не успеа да се наметне на позицијата лев бек. Таиво би можел да премине во Вердер во јануари, а германците планираат да го откупат неговиот договор во јуни.

Monday, November 28, 2011

Абиати прогласен за најдобар голман

Вчера, после натпреварот со Киево, голманот на Милан, Кристијан Абиати беше награден со наградата "Најдобар голман", а тренерот на голманите, Марко Ландучи е прогласен за "Најдобар тренер на голманите". Наградите ги додели претседателот на APPORT - италијанска асоцијација на тренерите на голмани. 

Марко Ландучи вели
"Кристијан Абиати направи одлични работи минатата сезона, но јас сум тој, кој треба да му се заблагодари."

Кристијан Абиати вели
"Оваа награда за мене е гордост. Не би било можно да има уште една сезона како минатата, бидејќи таа за мене беше прекрасна. Се согласувам со тоа дека треба да се даваат награди и за голманите, бидејќи според мене таа е најтешката работа на теренот. Ако не е најтешката работа оваа, таа би била блиску до најтешката работа на теренот. Се чувствувам добро. Не е ништо сериозно, но болката е непријатна. Ние одлучивме да не ризикуваме, за да не се влоши."

Saturday, November 26, 2011

Абиати го пропушта натпреварот со Киево поради повреда на рамото

Голманот на Милан, Кристијан Абиати ќе го пропушти утрешниот натпревар против Киево поради една мала повреда на рамото која ја доби во средата против екипата на Барселона. Тој во натпреварот со Барселона се претстави на високо ниво и покрај трите примени гола. Утре на голот на Милан ќе биде неговиот заменик, Марко Амелија кој утре ќе го одбележи својот прв натпревар во дресот на росонерите оваа сезона.

Таиво: Следната година ќе бидам фудбалер број 1

Новиот лев бек на Милан, Таје Таиво истакна дека нема намера да го напушти најтрофејниот клуб во светот, иако оваа сезона има одиграно само 2 натпревари во дресот на Милан.

"Факт е дека сум дел од најголемиот клуб во светот. Не верувам дека има поголем клуб од Милан. Само знам дека не сум стандарден во првиот тим и дека не сум баш во најдобра форма, но оваа сезона ќе тренирам напорно, за наредната година да станам фудбалер број 1 во светот." - вели нигериецот.

Тевез на чекор до Милан

Раководството на Милан започна преговори со менаџерот на напаѓачот на Манчестер Сити, за трансфер на Карлос Тевез. Според "SkySport" извршниот потпретседател на Милан, Адријано Галијани и спортскиот директор Ариедо Браида вчера во Милано се сретнале со менаџерот на Тевез, Киа Јорабчијан за да ги финализираат преговорите околу трансферот на аргентинецот. Италијанскиот шампион во Карлос Тевез гледа идеална замена за Антонио Касано кој поради операцијата ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната. Според медиумите состанокот поминал во најдобар ред и двете страни ги договориле сите детали. Извештаите велат дека Милан сака да го доведе Тевез во јануари на шестмесечна позајмица, а потоа на крајот од сезоната напаѓачот да направи перманентен трансфер. Затоа росонерите ќе мора да платат 5 милиони евра за позајмицата и уште 20 за целосно откупување на договорот на аргентинскиот репрезентативец во јуни. Проблем кај росонерите претставувала платата на аргентинецот кој во Манчестер Сити заработуваше повеќе од 8 милиони евра, но Милан нема намера да му дава толку големи примања. "SkySport" изјавува дека агентот на Карлос Тевез бил свесен дека неговиот клиент нема да може повеќе да заработува толкава плата и така би бил постигнат договорот за значително намалување на примањата.